„Златен Волан“ за Porsche, Audi, Škoda и Cupra! Ова се најдобрите автомобили за 2021 година
Објавени се добитниците на најпосакуваната европска автомобилска награда! Читателите и новинарите од AUTO BILD и BILD am SONNTAG ги избраа најдобрите автомобили за оваа година. Вкупно дванаесет награди „Златен Волан“ беа доделени во повеќе категории во кои моделите од групацијата на Volkswagen ги освоија главните награди: Мал и Компактен автомобил, Мал и Компактен Електричен автомобил, …