За компанијата

Порше Македонија е бренд што ги спојува искуството на долгогодишната традиција, супериорниот квалитет и иновативната технологија.​

Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година, таа е единствениот импортер во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите – Volkswagen AG. Порше Македонија е лидер на автомобилскиот пазар со најголем удел во пазарот на нови возила. Успехот не се должи само на моќта на врвните брендови кои се застапуваат и нивниот изграден и препознатлив имиџ, туку и на посветениот начин на работа на локалниот тим и грижата за клиентите. Неприкосновениот квалитет на производите и услугите, постојаните надградувања и подобрувања се главната конкурентска предност на што се темели лидерската позиција на автомобилскиот пазар.

Од своето отворање во 2005 година до денес, компанијата се залага за раст и експанзија на дејноста, што резултираше со широка продажно сервисна мрежа. Своите продажно – сервисни партнери ширум земјата Порше Македонија ги снабдува со оригинални делови и дополнителна опрема од соодветната марка на возило, со што е креиран траен и фер работен однос со соработниците.

Во Порше Македонија денес работат над 100 вработени, со тенденција за понатамошно ширење на тимот. Компанијата преку програмите за развој и усовршување на кадрите и постојаната размена на информации, овозможува континуирано подобрување на квалитетот на работата.

Нашите брендови

Деловни принципи

Porsche Holding работеше на постигнување на својата извонредна репутација во текот на 60-годишнината од своето постоење во повеќе од 20 европски земји, во Кина, Јужна Америка и Малезија. Социјалната одговорност и високиот стандард на етика го направија Porsche Holding она што е денес: најуспешен дистрибутер во Европа.

Како компанија со операции ширум светот, усогласеноста со Порше Холдинг значи дека нејзините вработени не само што се придржуваат кон постојниот закон, туку и се придржуваат до збир на морални принципи кои го надминуваат следењето на законот. Овие принципи се утврдени во сопствениот Кодекс на однесување на компанијата. Се разбира тие се однесуваат на сите нивоа на Групацијата и на сите земји каде што работи Порше Холдинг.

Кодекс на однесување

Довербата на клиентите и другите чинители во нашата Компанија и нејзините производи е наша највредна предност. Затоа, имаме заедничка одговорност секој ден да ја оправдуваме оваа доверба, водејќи се со чесност и интегритет. Ова подразбира познавање на важечките интерни правила и законските прописи, како и усогласување со истите.

Политика за заштита на животната средина

Како глобален лидер во развојот, производството и дистрибуцијата на моторни возила и услугите за мобилност, Volkswagen Group настојува да стане водечки снабдувач на одржлива мобилност и пример за заштита на животната средина. Ги прифаќаме предизвиците на климатските промени и посветени сме на целта од точка 2° на Обединетите Нации.

 

Свесни сме за светското влијание на нашите производи врз животната средина и општеството. За да го намалиме влијанието врз животната средина, го користиме нашиот глобален иновативен капацитет за решавање на предизвиците во текот на сите фази на животниот циклус на понудите за мобилност. Нашите иновации за мобилност ќе им помогнат на нашите клиенти да го намалат отпадот во животната средина, истовремено обезбедувајќи ја нашата деловна конкурентност.

Кариера

Доколку сте заинтересирани за слободните работни позиции и можностите за кариера, посетете ја LinkedIn страната на Porsche Holding Careers која е направена специјално за таа намена:

https://www.linkedin.com/company/porsche-holding/jobs/

#porscheholdingcareers #gotthedrive

Наша цел

Нашата единствена и основна цел е задоволство и доверба на нашите клиенти, партнери, вработени. Во општественото окружување со поголемата динамика и секојдневните предизвици, визијата на нашата компанија е дека само лојални клиенти гарантираат долгогодишен успех. Сакаме сигурност дека нашите автомобили и услуги ги исполнуваат очекувањата на нашите клиенти. Со нашите овластени продажно сервисни партнери имаме траен и фер работен однос. Постојаната размена на информации, програмите за едукација и надградба, ни овозможуваат да имаме континуирано подобрување на квалитетот на работата.

Успехот е основно начело и мерило во работата, кој го развиваме заедно со нашите вработени. Добро образовани, вредни и информирани вработени се носители на успехот на нашата фирма.

Секој вработен во нашата фирма во текот на својата работа, постапува во интерес на нашите клиенти, физички и правни лица, здруженија на граѓани, и со тоа дава свој придонес за заедничкиот успех на компанијата.

Ние сме партнер од доверба!

Историја

Компанијата е формирана со директна странска инвестиција од страна на Порше Холдингот. Почетната инвестиција изнесуваше 10 милиони евра, а дополнителни 17 милиони евра беа инвестирани преку Порше лизинг, а кои денес се во сопственост на светскиот автомобилски гигант Volkswagen AG.

Порше Македонија функционира како децентрализиран дел од интегрираниот автомобилски концерн кој ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила, постои безрезервна поддршка за сите активности кои се преземаат, се со цел клиентите да имаат врвни автомобили на дофат на раката.

Развој

Следејќи го брзиот развој на пазарот, Порше Македонија се стреми да одговори на сите предизвици, креирајќи дополнителни вредности со цел да им го понуди најдоброто на своите клиенти. Визијата на Порше Македонија е да стане синоним за врвна автомобилска компанија која застапува оригинални возила со висок квалитет применувајќи најсовремени деловни стандарди, со стабилна позиција на пазарот, која креира проширување и продлабочување на деловната соработка со постоечките и потенцијалните деловни партнери.

Во согласност со слоганот ,,партнер од доверба ˝ Порше Македонија континуирано се стреми да ги задоволува високо софистицираните вкусови на своите клиенти, и токму затоа истовремено со нивната европска премиера ги обезбедува најновите модели од своите автомобили, кои се достапни преку широко распространетата мрежа на партнери низ Македонија. Задоволството на клиентите е примарна цел на сите активности на Порше Македонија и дополнителен порив секогаш да се направи чекор повеќе за нив.

Интегрирањето на најновите технолошки достигнувања во возилата, врвниот дизајн, изградениот имиџ, долгорочната гаранција, можноста за купување возило на лизинг ги прават автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила вистински избор за љубителите на квалитетните автомобили.

Вредности на трговската марка

Брендот Порше е препознатлив за потрошувачите ширум светот, а силната емоционална поврзаност на клиентите со автомобилите на Volkswagen, Audi и Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила претставува доказ за моќта на овој бренд.

Врвниот квалитет, извонредниот дизајн, беспрекорната изработка, функционалноста и безбедноста се синоним за возилата од продажното портфолио на Порше Македонија. Компанијата ја спојува долгата традиција со најновите технолошки достигнувања, а во фокусот на нејзиното работење е задоволувањето на потребите на клиентите. Со постојани инвестиции во технологијата, едукација и надградба на вработените, ширење на дистрибутивната мрежа и подобрување на квалитетот на сервисните услуги, претпријатието создава чувство на доверба и почит кај потрошувачите.

Покрај градењето водечки бренд во автомобилската индустрија во земјата, Порше Македонија континуирано прави напори да изгради бренд на врвен работодавач и успешен пример за корпоративно управување на општествено одговорна компанија. Благодарејќи на ваквата определба, организацијата важи за сигурен партнер на своите клиенти, партнери и вработени, како и општествената заедница во која дејствува.

Она што е заедничко за сите брендови е што сите имаат индивидуална развојна стратегија, во чија реализација се избегнува стереотипниот пристап, а се практикува уникатност и различност се со цел да се постигне високо задоволство кај клиентите и да се стекне нивната доверба. Високата вредност на брендот Порше Македонија и на неговите производи кај потрошувачите, е верификувана со бројни награди и признанија, што е одлична основа за надградба и проширување на веќе потврдените вредности.