Систем за пријавување неправилности
Whistleblower system
Нашиот Систем за пријавување на неправилности (Whistleblower system)
Клучен столб на нашиот Систем за пријавување на неправилности (Whistleblower system) е начелото на процедурална правичност. Системот исто така гарантира најголема можна заштита за укажувачите, засегнатите лица и вработените кои придонесуваат во истрагата за пријавеното недолично однесување.
Ова исто така вклучува нудење можности за анонимно известување и комуникација. Уверуваме дека нема да правиме никакви чекори со цел да се идентификуваат анонимни укажувачи, кои не го злоупотребуваат нашиот Систем за пријавување на неправилности (Whistleblower system). Одмаздата на укажувачите и на сите лица кои придонесуваат во истрагите во ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА нема да се толерираат. Инволвираните лица се сметаат за невини додека не се докаже вината. Истрагите ќе се водат со најголема доверливост. Информациите ќе бидат обработени во фер, брз и заштитен процес.
Како ги обработуваме Вашите пријави (известувања)?
Дали имате некаква загриженост или повратни информации во врска со производите или услугите на ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА?
Ако имате било какви прашања или потреба од дополнително испитување во врска со Вашето ново или користено возило; повратни информации или поплаки за добиените услугите од ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА Ве молиме контактирајте не преку електронската пошта office@porsche.com.mk.
Љубезно Ве молиме за разбирање дека Системот за пријавување на неправилности (Whistleblower system), за жал, не може да ги обработи поплаките на клиентите.
Поднесување пријава (известување) преку нашиот Систем за пријавување на неправилности (Whistleblower system)
Системот за пријавување на неправилности (Whistleblower system) нуди различни канали за пријавување на потенцијално недолично однесување на вработените што овозможува брз увид и реакција од нашата компанија доколку е потребно.
Телефонска линија 24/7
Можете да направите извештај во 365 дена, 24 часа, користејќи го меѓународниот бесплатен број:
+800 444 46300*
Ако вашиот локален телефонски оператор не ја поддржува бесплатната услуга, можете да се јавите на следниот број што се наплатува:
+49 5361 946300.
*Во зависност од земјата од која се јавувате, можно е меѓународната бесплатна телефонска линија да не е достапна бидејќи некои оператори на телефонски мрежи не ја поддржуваат услугата. Ако е така, ве молиме користете го понудениот број за наплата или специфичниот број на вашата земја.
Земја | Бесплатна телефонска линија | Локален број |
Бразил | 0800-5912743 | 021-23911381 |
Мексико | 001-800-4610242 | 0155-71000355 |
Република Словачка | 0800-002576 | 02-33325602 |
САД | 833-6571574 | 908-2198092 |
Јужна Африка | 0800-994983 | 021-1003533 |
Малезија | 1-800-819523 | 0154-600099 |
Аргентина | 0800-6662992 | 011-52528632 |
Германија | 0800 444 46300 | 05361-946300 |
Канал за известување преку интернет
Имате можност да користите платформа за веб-комуникација, преку следниот линк
https://www.bkms-system.com/bkwebanon/report/clientInfo?cin=22vwgroup16&c=mk&language=eng
за да ја контактирате Канцеларијата за истраги на многу јазици. Овој систем е доверлив и технички обезбеден.
Дури и ако вашиот претпочитан јазик не е понуден во каналот за известување, можете да користите кој било јазик за да ја поднесете вашата пријава (известување). Можете исто така да контактирате со Канцеларијата за истраги на кој било јазик преку е-пошта или редовна пошта.
Народни правобранители
ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА назначи надворешни Адвокати да дејствуваат како Народни правобранители. Тие советуваат за Системот за пријавување на неправилности (Whistleblower system) или гарантираат дека пријавите (известувањата) од укажувачите се проследуваат анонимно до Канцеларијата за истраги, доколку го побарате тоа.
Доколку сакате да стапите во контакт со Народен правобранител, можете да ги најдете деталите за контакт на следниот линк: http://www.ombudsmen-of-volkswagen.com/
Електронска пошта – e-mail
Можете да стапите во контакт со Канцеларијата за истраги на Порше Холдинг Салзбург преку е-пошта:
Централна канцеларија за истраги
Поштенска адреса:
Volkswagen AG, Central Investigation Office
Mailbox 1717
Berliner Ring 2
38436 Wolfsburg, Germany
Лично:
Ве молиме закажете состанок однапред, пишувајќи е-пошта до: io@volkswagen.de.
Дали имате некои прашања?
Прашања или предлози за подобрување во врска со Системот за пријавување на неправилности (Whistleblower system) може да се упатат и до Канцеларијата за истраги.
Доколку сте интервјуирани за цела на некоја истрага, имате можност да дадете повратна информација до Народниот правобранител како независно тело.
Понатаму, за сите прашања поврзани со Системот за пријавување на неправилности (Whistleblower system) можете да се обратите до нашиот локален Офицер за усогласеност преку е-пошта compliance@porsche.com.mk.