За компанијата
Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година, таа е единствениот импортер во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите – Volkswagen AG.
Порше Македонија е лидер на автомобилскиот пазар со најголем удел во пазарот на нови возила. Успехот не се должи само на моќта на врвните брендови кои се застапуваат и нивниот изграден и препознатлив имиџ, туку и на посветениот начин на работа на локалниот тим и грижата за клиентите.
Новости
Нашите брендови се возбудливи, технолошки напредни и секогаш интересни.

Официјално претставен новиот 911 GT3
Ланецот е пуштен. Porsche ja ослободи моќта на 911 GT3. Петтата генерација на овој спортски автомобил со високи перформанси беше развиена во тесна соработка со Porsche Motorsport. 911 GT3

Porsche ја збогатува понудата на Taycan
Со новиот Taycan, Porsche ја лансира четвртата варијанта на својот прв целосно електричен спортски автомобил, овој пат со погон само на задните тркала и две варијанти на големина на батерија.

Новиот Golf повторно омилено возило во Европа
Golf е Европски Шампион за 2020 како најпродавано возило во Европа Иконата на Volkswagen со полна брзина го освои целиот пазар на Европа.