Порше Македонија за природата

Нашата планета е неверојатна, но нашата помош е сѐ попотребна за нејзино понатамошно опстојување. Затоа секоја година повеќе од милијарда луѓе го слават Денот на Планетата Земја за да ја заштитат планетата од нешта како загадување и уништување на шумите. Со учество во активности како што се собирање отпадоци и садење дрвја, го правиме нашиот свет посреќно и поздраво место за живеење.

Како дел од овогодинешното одбележување на Денот на Планетата Земја, групацијата Volkswagen AG го лансираше проектот „Project 1 Hour“, чија идеја е масовно и организирано да ги мотивира своите 670 000 вработени ширум светот да посветат активност за зачувување на животната средина и поттикнување на еколошката свест и одговорност. Како дел од овој проект, вработените во  Порше Македонија и Порше Финансиска Групација Македонија со своите велосипеди се искачија на падините на Водно каде по завршување на предодредената маршута со возење се упатија кон својата цел, а тоа оваа година беа Team Building активности во Вила Ина.

Мотивирани од идејата за еколошка свест, вработените активно се посветија на активности за зачувување на планетата генерирајќи креативни решенија со активно работење на одредени тематски проекти.

Групацијата Volkswagen AG има за цел да биде климатски неутрална до 2050 година. Повеќе од било што друго, понудата на електрични возила го отвора патот. Напредокот е јасен, во 2021 година светската продажба на електрични возила е удвоена. Производствените капацитети се сè повеќе префрлени на користење на зелена, обновлива енергија. Јаглеродниот отпечаток по возило е намален за вкупно 1,7 тони во 2021 година во споредба со претходната година, додека во наредниот период, билансот на CO2 по возило ќе биде намалено за 30 % до 2030 година.