Порше Македонија ја проширува инфраструктурата со обновливи извори на електрична енергија за полнење на електрични и хибридни возила со два нови Турбо полначи со висок капацитет и брзина на полнење.
Инсталирана фотоволтаична централа со капацитет од 210kW.
Електричните возила се иднината на мобилноста и затоа мора активно да се работи на градење на инфраструктурата, за што побрзо да се заменат возилата со мотори на внатрешно согорување, кои влијаат штетно на животната средина.
![](https://www.porsche.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/DJI_0459-1024x575.jpg)
Во Порше Македонија активно функционираат вкупно 13 станици за полнење на електрични и хибридни возила, од кои 2 се новите Турбо полначи со капацитет од 160kW, 5 полначи со моќност од 22 kW, 5 полначи со моќност од 11 kW и еден полнач со моќност од 7,2kW. Ова значи дека во моментот компанијата го има најмоќниот парк за полнење на електрични и хибридни возила во државата.
Главна карактеристика на новите Turbo DC полначи е во нивната брзина на полнење. Според спецификацијата, можат да ја наполнат батеријата на најмоќниот модел во понудата на Порше, моделот Taycan, од 20% до 80% за само 19 минути.
“Моделската офанзива на електрични и хибридни возила на Volkswagen Групацијата налага да се направат сериозни инвестиции во развој на инфраструктурата. Во моментов активни се 13 станици за полнење, но набрзо очекуваме да ги инсталираме преостанатите 4 станици за полнење, со што вкупниот капацитет на полначите во рамките на компанијата ќе изнесува повеќе од 500 kW.” – изјави д-р. Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија.
![](https://www.porsche.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/DJI_0427-1024x575.jpg)