Акции и промоции

Кампања за повлекување на воздушни перничиња „Takata“

Глобалната кампања за повлекување на воздушните перничиња „Takata“ е иницирана поради постоење на ризик за настанување на сериозни, па дури и фатални повреди, што може да бидат предизвикани од неисправните воздушни перничиња „Takata“ вградени во некои модели на возилата Volkswagen, произведени во годините 2005 – 2018.

На следниот линк ќе најдете повеќе информации за кампањата и ќе може да проверите дали вашето возило е засегнато: Airbag safety recall campaign

Ризик од фатална повреда како резултат на неисправни воздушни перничиња

Компанијата „Takata“ ја снабдува автомобилската индустрија со воздушни перничиња што содржат неисправни генератори за гас, кои како последица на одредени климатски влијанија во текот на подолг период (висока влажност и високи температурни разлики) може да претрпат промени и со тоа да претставуваат опасност за вас и вашите сопатници во случај на незгода.

Ако во случај на незгода се активираат на воздушните перничиња, постои можност притисокот што се создава при стартување на генераторот за гас да биде поголем од предвидениот и тоа да доведе до исфрлање на парчиња метал во внатрешноста на возилото. Ова може да доведат до сериозни повреди, а во најлош случај и до фатални последици за патниците во возилото.

Со тоа воздушните перничиња „Takata“ вградени во вашето возило претставуваат сериозен безбедносен ризик за вас и вашите сопатници во случај на несреќа.

ВАЖНО: Што треба да направите?

Вашата безбедност е важна за нас, затоа бараме од вас ако при проверката вашето возило е идентификувано како засегнато ВЕДНАШ да се јавете кај овластените сервисни партнери на Volkswagen, за да се заменат релевантните компоненти во вашето возило. Замената трае околу 2 часа и за вас е бесплатна.

Врз основа на спроведена анализа за тоа кои возила се засегнати, Volkswagen ќе продолжи да го ажурира списокот, поради што ве повикуваме да продолжите да го проверувате своето возило на нашата web страна Airbag safety recall campaign

Volkswagen Taigo

Слобода во движењето. Веќе од 22.950 €

Volkswagen Caddy Cargo

Дизајниран за вашите амбиции.

Volkswagen T-Roc

Стил, сила, сигурност. Веќе од 30.950 €

Volkswagen Crafter

Моќен, сигурен, подготвен.

Škoda Kodiaq Sportline

Вашиот 4x4 стил Порше Лизинг рата 692 €

Твојот влез во нова димензија.

Целосно новиот Audi Q5. 4 рати | 3 години | 25% учество

НОВИОТ CUPRA TERRAMAR

НЕ ПОСТОИ ВТОРО МЕСТО Порше Лизинг рата од 554 €