Porsche_MZ_4C_M_60mm

Новиот Taycan Cross Turismo.

Иднината е електрична!

Душата има многу аспекти. Таа е променлива и постојано еволуира. Кога го гледате Taycan Cross Turismo, веднаш добивате чувство на слобода. Неговата силуета е дефинирана од спортската линија на покривот која се спушта надолу, позната како „Flyline“. Дизајнерските детали вклучуваат зголемени лакови на тркалата, уникатни предни и задни дифузери и странични прагови. Како дел од пакетот Off-Road Design, Cross Turismo има специјални клапи на аглите на предните и задните браници и на краевите на праговите. Со тоа се создава впечатлива надворешност.

Taycan Cross Turismo има придобивки од иновативниот електричен погон со архитектура од 800 волти. Новата високотехнолошка верзија со погон на сите тркала и адаптивна воздушна суспензија, обезбедува бескомпромисна динамика надвор од патот. Триесет и шест милиметри повеќе простор за глава за патниците на задните седишта и повеќе од 1.200 литри багажен простор, го прават Cross Turismo  идеален за сите намени.

Новиот Taycan Cross Turismo наскоро ќе биде достапен во Македонија. А вие можете уште веднаш да го конфигурирате вашиот посакуван модел.

Повелете во нашите продажни салони или контактирајте не на податоците подолу, за да дознаете повеќе за моделите на Porsche.

Email: sales@porsche.com.mk 

Телефон: 02 26 03 736

Web: www.porsche.com/macedonia/taycan-cross-turismo

Прочитајте повеќе за светската премиера на следниот линк:

www.porsche.com.mk/svetska-premiera-taycan-cross-turismo

Ве очекуваме,
Вашиот Porsche тим