Новиот Volkswagen Caddy започна со продажба во Македонија

Поголем, попрактичен, поефикасен и поинтелигентен

Volkswagen Комерцијални возила официјално го претстави новото Caddy на нашиот пазар. Петтата генерација на мошне успешниот модел, од кој се произведени над три милиони примероци, се лансира како MPV и градско товарно возило наменето за испорака. За прв пат, сеопфатниот систем се заснова на модуларната попречна матрица (MQB), што се користи за повеќе модели од Volkswagen Групацијата. Со најновата еволуција на MQB, бројни нови технологии се имплементрани во новото Caddy: иновативниот систем за асистенција „Travel Assist“ го олеснува возењето и го прави побезбедно управувањето со Caddy. „Секогаш онлајн“ инфо-забавните системи и дигитализираните контроли го прават Caddy паметен телефон на тркала, a новиот систем со двојно дозирање ги претвора емисиите на NOx во вода и безопасен азот. Надворешноста има нов и харизматичен дизајн, а внатрешноста исто така е функционално испланирана до последниот детал. Во исто време, просторот што го нуди овој нов повеќенаменски систем меѓу компактните комбиња се зголемува, како вистински Volkswagen.

Харизматичен дизајн и нови карактеристики на надворешноста

Визуелно, преминувањето на MQB платформата станува веднаш забележително од подолгото меѓуоскино растојание. Растојанието е зголемено од 2.682 на 2.755 мм, со што Caddy добива подинамичен изглед. Дизајнерите ја искористија техничката можност претставена од платформата, за да создадат целосно редизајнирано возило – кое е похаризматично од кога било. Во однос на инженерството и функционалностите, надворешноста на Caddy со седум седишта има голем број нови карактеристики. Овие вклучуваат особено голем панорамски подвижен покрив со транспарентна површина од 1,4 м2 и опционални електрични помагала за затворање на лизгачките врати и задниот отвор. Исто така нови се и 16”, 17” и за прв пат 18 инчни алуминиумски тркала стандардно достапни во верзијата „Style“, која вклучува нови LED предни и задни светла. За прв пат, достапен е системот за заклучување, отклучување и палење на моторот „Keyless Access“. Со верзијата Keyless Access / Advanced сѐ што треба возачот да направи, е да му пристапи на возилото со клучот во џеб, така што централната брава се отклучува без воопшто да се допира рачката на вратата. Новоразвиениот систем е заштитен со врвна технологија, што го прави исклучително безбеден.

Најпросторен во својата класа

Во внатрешноста, петтата генерација на Caddy импресионира со нови високотехнолошки решенија и значително покорисен простор. Caddy Cargo обезбедува простор за товар од 3,1 m3 (дефинирано во стандардот SAE V6); во Caddy Cargo Maxi капацитетот е 3,7 м3. Целосно редизајнираната задна оска го подобрува пристапот до товарниот простор. Ова станува јасно со Caddy Cargo како пример: евро-палета сега може да се внесе странично во задниот дел на возилото. Тоа е затоа што максималната ширина помеѓу лаковите на тркалата сега изнесува 1.230 mm. Благодарение на лизгачките врати што се зголемени во ширина за повеќе од 840 mm (претходно 701 mm), новиот Caddy Cargo Maxi сега може да собере и втора евро палета, што претставува голема конкурентска предност. Максималната должина на товарот до преградата е 1.797 mm (Cargo) и 2.150 mm (Cargo Maxi).

Верзиите за патнички автомобил и Kombi се нудат стандардно со пет седишта. Опционално достапен по нарачка е и трет ред за седење. Нова карактеристика е што седиштата од третиот ред можат индивидуално да се отстранат, со што се нуди максимална флексибилност. Се разбира, новот Caddy 5, ги задржува веќе докажаните карактеристики: седиштата во вториот и третиот ред сè уште можат да бидат повлечени на напред и да се преклопат. И седиштата од вториот ред, лесно може да се извадат. Kombi и семејниот MPV обезбедуваат простор за багаж до 2.556 литри; во верзијата со пет седишта, просторот за багаж натоварен до висината на грбот на седиштата изнесува импресивни 1.213 литри. Просторот за товар кај Kombi и MPV е 1.913 mm до првиот ред на седишта; помеѓу лаковите на тркалата е со максимална ширина од 1.185 mm.


Дигитализиран високотехнолошки кокпит и дигитални копчиња на допир

Индикаторот и контролните елементи се редизајнирани: основниот интерфејс вклучува аналогни инструменти со дигитален мултифункционален дисплеј или – како опција, и стандард во верзијата „Style“- новиот „Digital Cockpit“ (целосно дигитализирана инструмент табла). Вклучено како стандардно или опционално во зависност од верзијата: радио и навигациски системи со 6,5-инчни, 8,25-инчни или 10-инчни екрани на допир. Спојот на дигитален кокпит и врвен 10-инчен систем за навигација Discover Pro создаваат нов дигитален пејзаж на индикатори и контроли: „Innovision Cockpit“. Преку единицата за поврзување на Интернет (OCU) со интегриран eSIM, информатичките системи на Caddy’s пристапуваат и до мобилни мрежни услуги (МО). Иновативните контроли за климатизација под системот за инфозабава за прв пат се дигитални, со лизгачи кои се лесни за употреба.

Нови во Caddy се дигитални копчиња за светло, аудио и функциите на менито. Предниот панел со копчињата „Light & Sight“ сега ја презема својата улога.Позициониран лево, тој е интегриран во пилотската кабина и системот за инфозабава на една линија на гледање и контрола. Таканаречените копчиња за директен пристап на посебен панел под централниот систем за инфо-забава и контролите за климатизација овозможуваат брзо и интуитивно работење на системите за асистенција и напредните функции за контрола на климата и паркирањето. Покрај тоа, новите и моќни LED светла за внатрешно осветлување и напојување за надворешни 230V уреди ја зголемуваат секојдневната функционалност.

Новите системи за асистенција го прават Caddy побезбеден и полесен за возење

Пет од 19-те системи за асистенција се целосно нови во Caddy, а другите се обемно ажурирани и проширени со различни функции: новите карактеристики вклучуваат „Travel Assist“, кое за прв пат е достапно во Volkswagen Комерцијални возила и го олеснува возењето со помош преку целиот опсег на брзина на движење. Поради новите функционалности на „Travel Assist“, редизајнираниот мултифункционален управувач на Caddy е опремен со капацитивни сензори. Позадината на ова е дека од правни и безбедносни причини возачот мора трајно да го следи системот. Со други зборови, сè додека едната рака го допира воланот, системот не дава никакви инструкции за управување. Ново во Caddy 5, а со тоа и за прв пат во сегментот „A“ на градски комбиња за испорака: асистент за маневрирање со приколка, веќе докажан во моделот Crafter, – „Trailer Assist“ (што го олеснува маневрирањето со приколка).

Двојното дозирање значително ги намалува емисиите на азотни оксиди во TDI моторите

Како и системите за асистенција, и новите мотори со четири цилиндри на Caddy се исклучително иновативни. Тие се следната фаза на еволуција на моторот и сите се опремени со филтри за микро-честички. За прв пат во Volkswagen Комерцијални возила се користи новиот систем „Двојно дозирање“ за 55 kW (75 КС), 75 kW (102 КС) и 90 kW (122 КС) TDI моторите со 6-степен мануелен менувач или автоматски 7-степен менувач со двојна спојка. Преку два SCR катализатори и двојно вбризгување на AdBlue постигнато на овој начин, системот значително ги намалува нивоата на емисија на азотни оксиди (NOx) во споредба со оние од претходниот модел. TDI моторите на Caddy 5 се меѓу најчистите турбо-дизел мотори во светот.

Ефикасен и еколошки: бензински мотор со турбо полнење (TSI) кој испорачува 84 kW (114 КС). Новите технологии на погонски систем имаат значително позитивно влијание и еколошки и економски. На пример, TDI: комбинираната потрошувачка на гориво NEDC на новата генерација Caddy 2.0 TDI со 6-степен мануелен менувач и моќност од 75 kW (102 КС) е 4,7 литри на 100 километри, што претставува 1,4 литри на 100 километри помалку од моторот во претходната генерација на Caddy. Еден од факторите кои придонесуваат за оваа значително подобрена ефикасност е аеродинамиката со новиот надворешен дизајн: вредноста на cW- коефициентот на отпор (претходниот модел: 0,33) е намалена на 0,30 кај новото Caddy и претставува нов стандард во овој сегмент. Во споредба со неговите конкуренти, новото Caddy 5 е во просек 10% поефикасно во поглед на потрошувачката на гориво, а испушта и 10% помалку CO2.