Ограничување при поставување на врска (link)

Оваа веб-страница ја поставува и ажурира Порше Македонија и ја опфаќа почетната страница (homepage интернет-презентација) и сите останати страници на овој Веб-сајт.

Порше Македонија во основа ги поздравува и допушта според следните одредби поставување на правно коректни врски (links) од Интернетот со почетната страница на овој Веб-сајт.

Доколку не е постигнат писмен договор, поврзувањето на "deep links" од Интернетот со интернет-презентацијата на фирмата Порше е дозволено само доколку постои нагласено писмено одобрение од фирмата Порше; покрај тоа треба да се напомене дека е неопходно и битно за Порше,  интернет корисникот само преку почетната страница на овој Веб-сајт да има пристап до понудата на информации. Почетната страница содржи важни информации; интересот на фирмата Порше е оправдан во целта корисникот да се запознае со пристапот до информации на овој Веб-сајт ( и при повторно пристапување); според тоа, секое поставување на врски (link) од било кој вид кон страниците на овој Веб-сајт со заобиколување на почетната страница е недопустливо.

Поставувањето на link/referralls поради пребарување со помош на постојните алатки за пребарување (yahoo, google, итн.) сепак едозволено.

Порше го задржува правото на измена на ограничувањата во секое време и сеопфатно без наведување на причините.

Порше не ја презема одговорноста за штетите или пречките од било кој вид или правна основа, кои се создаваат или се создале при поврзувањето спротивно на ограничувањата.

Порше го задржува правото да на одредени лица, фирми, здруженија, група на лица или групи на фирми без наведување на причините да го скрати поврзувањето поврзано со одредени веб-содржини,  Веб-сајтови или страници.

Поставувањето на врски кон овој Веб-сајт, сеедно дали е директно или индиректно, кои се во било каква врска со информациите, веб-содржините или веб-страниците чија содржина е правно недозволива, неморална, политички радикална, дискриминаторна, криминална, одбивна и слична не е дозволено.

Порше во секој момент го задржува правото на употреба на сите технички и/или законски уредби кои му стојат на располагање во случај на повреда на ограничувањето при поставување на врски.

Информатор