Со нашите овластени партнери, имаме взаемно разбирање и доверба. Секојдневната размена на информации, програмите за надградба и нашата определба за подобрување на квалитетот на работа, се основа за долгогодишна соработка.
Нашата фирма ја карактеризира високата одговорност на вработените. Плитката хиерархија е основа за брза реакција на побарувањата во кругот на фирмата, кои што од ден во ден рапидно се менуваат.
Со постојаните иновации и инвестиции, како и современата IT и комуникациска технологија, сакаме да оствариме конкурентска предност
Секаде и секогаш
Пред само 20 години оригиналните делови се испорачуваа еднаш месечно. Возачите кои беа нетрпеливи, се нарачуваа неоригинални делови, вградени во неовластени сервиси.
Денес во разгранетата продажна сервисна мрежа во Македонија, возачите на концернот Volkswagen, Audi, Škoda и Volkswagen Комерцијални возила, може да бидат безгрижни. Нашите клиенти не само што на едно место може да добијат се што им е потребно за автомобилот, туку секој оригинален дел е со гаранција за квалитет. Двегодишната гаранција на вградените оригинални делови, како и мобилната гаранција се дополнителна сигурност за клиентот и неговиот автомобил.
Доколку се појави проблем во текот на Вашето возење, без разлика дали се јавил на главните улици во градовите или некаде низ територијата на Македонија, продажно сервисната мрежа на Порше Македонија ќе Ви помогне во решавање на проблемот во најкраток можен рок.
Сето тоа се само некои од предностите за нашите клиенти. Меѓутоа, најважно за сите нас е тоа што со купување на било кој автомобил од марката на Volkswagen, Škoda, Audi и Volkswagen Комерцијални возила, клиентите добиваат сигурност и партнер од доверба кој води грижа за нивните автомобили да возат и возат и возат...