Porsche Macedonia- Креативен клуб за деца
Во рамките на своите друштвени одговорности Porsche Macedonia во 2008 го спонзорираше првиот креативен клуб за деца со пречки во развојот “Еднакви крила”. Детскиот клуб е уреден како посебно детско катче каде што децата со посебни потреби ќе може да си ги искажат своите креативни способности.
За оваа цел беше спроведена и хуманитарна кампања “Ја подавам својата рака за да ја подадеш и ти”. Креативниот клуб за деца е дизајниран во стилот на брендовите што ги застапува Porsche Macedonia, на македонскиот пазар а тоа се Volkswagen, Audi, Škoda и Volкswagen Комерцијални возила.