MK /EN
Skip Navigation Links

Генерален импортер за Volkswagen, Sкoda, Audi, Volkswagen Kомерцијални возила во Република Македонија.
Porsche Skopje Open Day

Во салоните на Порше Скопје на 11 и 12 април, 2009 се одржа традиционалниот Порше Скопје Авто викенд, оваа година насловен како „Каде за викенд?“. Поканети беа сите граѓани на Македонија со можност за тест возење на моделите од брендовите кои се дел од понудата на Порше Скопје.

Авто мото викендот беше отворен два дена (Сабота и Недела) од 10 до 18 часот. Понудени беа разновидни содржини кои овозможија заедничко дружење на фамилијата и љубителите на брзината, стилот и елеганцијата преточени во автомобил.

Во склоп на Порше Скопје спаѓаат салоните на Volkswagen, Audi, Volkswagen Комерцијални возила и Škoda. На овие три локации, во овие три салони многубројните посетители од Скопје и задоволителен број на посетители од другите градови во Македонија се забавуваа овој викенд.

Љубителите на автомобилите можеа да ја почувствуваат грациозноста на Audi A3, Audi A4, Audi A6, Audi Q5 и Audi Q7, од моделите на Volkswagen понудени за тест возење беа Polo, Golf 6, Passat, Tiguan и Тouareg, од Volkswagen Комерцијални возила се возеа Caddy товарно, Caddy Maxi Life и Crafter; а од моделите на Škoda понудени за тест возење беа Škoda Fabia, Škoda Roomster, Новата Škoda Octavia и Škoda Superb.

Заинтересираноста за сите овие модели може да се види од бројот на тест возења кој изнесуваше повеќе од 1300.

Во склоп на ова автомобилско дружење беше организирано и детско катче. Во него децата се забавуваа во огромен замок-лизгалка, возеа колички на детскиот полигон, цртаа со дрвени боички, се возеа на релација на трите салони во детско (панорама) вовче, а имаа и можност од чичко полицаец да ги научат основните етички мерки во сообраќајот и сообраќајната култура.

На посетителите освен тест возење и бесплатна дијагностика на возилата за клиентите, им беа понудени многу забавни содржини и подароци. Како можност за промоција, во овие два авто мото денови добија и партнерите на Порше Скопје: T-home, Porsche Leasing, Austrian Airlines, Castrol, Continental, соковите Coca Cola и Viva. Беа поставени нивни штандови на кои покрај информациите за услугите кои секој од нив ги нуди на посетителите им беа поделени и подароци. Најголемо внимание привлече штандот на Т- home каде посетителите пополнуваа купони за подарок. Подароци во вид на 5 најатрактивни пакети од палетата производи на Т- home, добија 5 најсреќни посетители на оваа манифестација. Подароци поделија и Continental. Тие на двајца најсреќни им доделија 2 сета на автомобилски гуми. Castrol доделија шест награди од нивната гама, додека Austrian Airlines за клиентите што уплатија за автомобил во текот на настанот доделиja викенд за двајца во Виена.

Со овој авто мото викенд, Порше Скопје како сервисно продажен партнер на Порше Македонија докажа дека секогаш е во служба на купувачите. Со взаемно разбирање, соработка и доверба, релацијата клиент-купувач е отворена за надградба, а квалитетот на работењето треба да биде скроено според потребите на обичниот човек.