5 ѕвезди за новиот Audi Q3 од Euro NCAP

– Брилијантни перформанси од компактниот SUV во важниот безбедносен тест
– Патничкиот простор е направен од високо цврста комбинација на челици

Новиот Audi Q3 нуди потполна безбедност од браник до браник. Компактниот семеен SUV го освои највисокиот резултат од пет ѕвезди во тестирањата на Euro NCAP (New Car Assessment Program), што претставува најважниот тест за безбедност на автомобилите во Европа.

За да се добие највисокиот рејтинг од пет ѕвезди, автомобилот мора да постигне одлични резултати во сите клучни критериуми на Euro NCAP. Новиот Audi Q3 успеа да го стори тоа со перфектен резултат – во категоријата за заштита на возрасните патници, како и за безбедноста на децата, проактивната заштита на патниците и системите за помош на возачот. Активните безбедносни системи – кои вклучуваат автоматско сопирање во случај на опасност за градски сообраќај и за автопати – се вклучени во целокупната оценка на NCAP.

Безбедносните системи на новиот Q3, како што е Audi pre-sense basic и Audi pre-sense front се вклучени како стандардна опрема во возилото. Вториот му овозможува на возачот визуелно, звучно и хаптично предупредување кога се појавува итна ситуација со пешаците, велосипедистите и другите возила која е откриена преку радарот. Таа дури и иницира итно сопирање доколку е потребно. Исто така, како стандардна опрема вклучен е и системот за „слепа точка“, која предупредува за опасности при менување на лентите, како и системот за одржување на коловозна лента кој е исто така вклучен во стандардната опрема. Овој систем помага да се спречи возилото да ја напушти својата лента ненамерно. Опционалниот пакет за помош ги вклучува адаптивната помош за „едрење“, препознавање сообраќајни знаци базирани, систем за паркирање, помош за долго светло и систем за итна помош.

Новиот Audi Q3 исто така е брилијантен кога станува збор за заштита на патниците. Патничкиот простор е направен од високо цврста композиција на челици. Тие се користат при преминот од надолжните делови на преградата, во централниот тунел, праговите, столбовите А и Б, рамката на покривот и задните надолжни прегради. Челичните компоненти, кои комбинираат мала тежина со екстремна сила, сочинуваат 26% од телото на возилото. Нивната комбинација ги поставува основите за голема безбедност и цврстина.

Европската програма за оценка на нови автомобили (Euro NCAP) е поддржана од конзорциум од европски транспортни министерства, автомобилски клубови, осигурителни здруженија и истражувачки институти. Вклучени се дванаесет институции од осум европски земји. Речиси сите нови возила се тестираат и оценуваат на нивната пасивна и активна безбедност во Euro NCAP. Тест-барањата на програмата значително ги надминуваат применливите стандарди кои се бараат според европското законодавство.