ŠKODA KODIAQ RS постави рекорд на Nürburgring

– Nürburgring, Nordschleife, зелениот пекол. Најпредизвикувачката патека на светот. KODIAQ, новиот SUV на ŠKODA со седум седишта, го сруши рекордот на патеката.
– Производната верзија на големиот SUV, ŠKODA KODIAQ RS ја освои легендарната патека за 9 минути, 29 секунди и 84 стотинки.

Nordschleife вообичаено е резервиран за спортски и супер спортски автомобили, агилни мали возила и автомобили со различни специјални модификации. Зошто да не му дадете шанса на еден моќен SUV на легендарната патека? Звучи како луда идеја? ŠKODA го направи токму тоа.

„Срцето“ на ŠKODA KODIAQ RS е потполно новиот 2.0 BiTDI мотор кој испорачува 176 kW, или 239 КС. За да го постигне најбрзото можно време, тимот на ŠKODA не остави ништо на случајност. Специјален автомобил мора да има специјален возач. Поради тоа, само една жена која е поврзана со Nürburgring можеше да седне зад воланот на овој спортски SUV. Малкумина може да се пофалат толку длабоко познавање на оваа патека како тркачкиот возач Сабина Шмит, која е единствената жена што ја освои 24 часа Nürburgring и која има завршено повеќе од 30.000 круга на патеката.

„Автомобилот изгледа спортски и чувството зад воланот е спортско. Мислев дека тешко ќе се справам со возило со седум седишта, но имам одлично чувство за тоа. Одлично вози. Јас сум навистина импресионирана. Овој автомобил е апсолутно „фабрички“, така што ништо не сме промениле. Мислам дека ако го скршиме рекордот на патеката, треба тоа да биде во автомобил кој е достапен за продажба. Инаку тоа нема никаква смисла. Сакам да им покажам на луѓето колку е добар автомобилот кој што ќе може да го купат“, објасни Сабина Шмит, пофалувајќи го KODIAQ RS.

„RS ознаката ја одразува историјата во мотоспортот на брендот ŠKODA. Луѓето кои имаат активен животен стил ќе бидат импресионирани од KODIAQ RS. Еден автомобил кој со толкава практичност, квалитет, перформанси и висока безбедност претставува нешто навистина посебно.“, вели Франтишек Драбек – Директор за производство на ŠKODA .

„Nordschleife е најтешката патека во светот. Многу работи треба да се земат во предвид за да се направи брз автомобил за оваа патека. Инженерите направија многу добра работа за да направат ова SUV возило брзо. Се чувствував многу удобно од самиот почеток, што навистина не го очекував“, изјави Шмит. „KODIAQ RS е тестиран на неколку патеки во Европа за време на неговиот развој. Немам апсолутно никаква загриженост“, вели Драбек, покажувајќи ја својата нескриена доверба во автомобилот.