Porsche прослави двојна победа во Ле Манс на 24-часовниот маратон

Porsche уште еднаш направи историја и ги освои двете класи на ГТЕ на најтешката и најдолга трка во светот. Во про категоријата, Porsche 911 RSR со стартен број 92, го заврши 86-тото издание на Ле Манс 24 часа на првото место по изминати 344 круга. Возачкото трио Kévin Estre (Франција), Laurens Vanthoor (Белгија) и Michael Christensen (Данска) беа на водечката позиција речиси за целото времетраење на 13.626 километри долгата тркачка патека. Ова беше победа број 106 за Porsche.

Сестринското возило (# 91) кое го пилотираа Richard Lietz (Австрија), Frédéric Makowiecki (Франција) и Gianmaria Brun (Италија) совршено ја заокружи двојната победа за Porsche во класата ГТЕ-Про. Французинот Frédéric Makowiecki посебно се истакна, борејќи се во епскиот дуел и цел еден час и половина, ги одбиваше сите напади за да се избори за второ место. Со овие два триумфи на 24-часовниот маратон во Франција, Porsche го продолжи своето водство во класификацијата на возачите и производителите на Светското првенство на FIA WEC.

Porsche управуван од Dempsey-Proton Racing, ја прослави импресивната победа во класата GTE-Am. Покажувајќи инспиративно возење, младите Porsche професионалци Matt Campbell (Австралија), Christian Ried (Германија) и Porsche јуниорот Julien Andlauer (Франција) ја освоија 107-тата победа во оваа класа за Porsche. На само 18 годишна возраст, Julien Andlauer стана најмладиот победник во GTE-Am класата на Ле Манс.

„Апсолутно совршен викенд за Porsche. Не можеш да посакаш повеќе од ова во годината кога ја прославуваме нашата годишнина. Невозможно е да се планира вакво нешто, но кога ќе се случи, тоа чувство не може да се опише. Им честитам на сите возачи, на тимовите и на вработените кои го направија овој успех возможен. Сето тоа ме прави навистина горд“, изјави Dr Wolfgang Porsche, Претседател на Надзорниот одбор.

Комплетните резултати се достапни на fiawec.alkamelsystems.com