Volkswagen Amarok ја доби наградата Пикап на Годината 2018

Volkswagen Amarok најдобар SUV пикап на годината. Amarok победи во категоријата на теренски возила веќе по шести пат од 2011 година.Читателите на списанието OFF ROAD гласаа: Amarok ја доби наградата „Reader 2018“.

Околу 20 проценти од читателите го доделија својот глас за пикапот на Volkswagen со стандарден 3.0l V6 TDI, кој се произведува во погоните во Хановер, Германија и Пачеко, Аргентина. Amarok ги импресионираше читателите со неговата одлична способност за совладување на сите терени, благодарение на одличниот погон на сите тркала, издржливоста во извршувањето на работните задачи и практичноста.
Наградите од страна на читателите беа доделени на раководителот за управување со производи на Volkswagen Комерцијални возила – Клаус Дуфел и Марко Хеддрам – Технички проектен менаџер на Amarok.
Церемонијата на доделување на наградите во 2018 година се одржа во Минхен. Гласањето се одвиваше во 13 категории. Главниот двигател на новиот Amarok, 3.0 V6 TDI мотор со 190/200 KW со вртежен момент од 580 nm беше главната причина за добивање на мнозинството од гласовите според читателите. Оваа моќност единствено е достапна кај Amarok во неговиот сегмент и е достапен во повеќе варијанти на опрема.

За брендот Volkswagenкомерцијални возила:
Volkswagen Комерцијални возила (VWN), како независен бренд во Volkswagen групацијата, е одговорен за развој, изградба и продажба на лесни комерцијални возила и ги произведува моделите Transporter, Caddy, Crafter и Amarok. Во комуникација со своите клиенти, VWN развива соодветни концепти за возила и логистички решенија за ефикасно користење на ресурсите со најголема можна ефективност. Во 2017 година, брендот испорача околу 498.000 лесни комерцијални возила, произведени во погоните во Хановер (D), Познан (PL), Września (PL) и Pacheco (ARG). VWN вработува повеќе од 21.000 луѓе ширум светот.