Volkswagen ги претстави новите дигитални технологии

На овогодинешниот I.T. симпозиум одржан во Волфсбург, главниот фокус беше на дигиталните технологии и иновативните проекти од сите области од I.T. групата на Volkswagen. На настанот присуствуваа членовите на групацијата Volkswagen, бренд менаџментот, претставници на највисокото раководство и претставници на вработените. Главниот акцент на симпозиумот беше на ИТ иновациите за поедноставување и поефикасно работење и процеси во компанијата. Поточно, симпозиумот се занимаваше со понатамошна дигитализација во производството, програми за самоучење (ботови) за поддршка на вработените со административни задачи и иницијатива „I.T. за сите“.

Френк Витер, член на управниот одбор на Групацијата, одговорен за финансии и информатичка технологија, нагласи: „Дигиталното знаење е главен фактор во конкурентноста на Volkswagen. I.T. групата игра клучна улога тука; таа мора да ги заштити сите процеси во рамките на Volkswagen како глобална група за мобилност и да ги направат подготвени за иднината, истовремено со развој на дигитални теми насочени кон иднината за компанијата. Затоа продолжуваме да ги прошируваме нашите I.T. компетенции, бидејќи сакаме да им понудиме на нашите клиенти најдобри можни производи и услуги и да обезбедиме уште подобра поддршка за нашиот тим во фабриките и канцелариите, со цел понатамошно подобрување на ефикасноста на компанијата.“

Дигитализација на производството

Заедно, експертите од производството на брендот Volkswagen и I.T. групата работат на дигитална платформа за поврзување на сите системи и постројки во една фабрика во еден интегриран систем. Експертите очекуваат овој пристап да даде значителни придобивки за ефикасност. Покрај тоа, ќе биде значително полесно да се интегрираат решенијата за дигитални најдобри практики и пилот-проектите во постојната архитектура.

Мартин Хофман, ЦИО на групата Volkswagen, истакна: „Нашата најважна цел и понатаму е да создадеме дигитални решенија кои ги прават процесите и работата на проекти во сите области на бизнисот уште поедноставни, посигурни и поефикасни. Затоа го придвижуваме темпото за модернизација на нашите ИТ системи и развивање на уште повеќе мобилни апликации. Во исто време, правиме напредок со теми кои се ориентирани кон иднината. Тука спаѓаат употребата на вештачка интелигенција за да се обезбеди ефикасна поддршка на нашите колеги во извршувањето на одредени задачи.

Вештачка Интелигенција и корпоративните процеси

На симпозиумот претставниците на I.T. групата презентираа пробни проекти за системи за самостојно учење – „ботови“. Овие системи учат преку анализа на податоци и можат самостојно да подготвуваат повторувачки административни задачи (како што се одобренија или доделување договори) за вработените и да ги доставуваат за одлуки.

Бернд Остерлох, претседател на Советот за работни групи, рече: „Импресивните достигнувања на нашите I.T. колеги покажуваат дека ние во Volkswagen може и треба да посветиме поголем акцент на внатрешните случувања отколку на надворешните решенија. За таа цел ни треба повеќе I.T. кадар и повеќе можности за понатамошна обука на вработените. Ние само можеме да постигнеме успех со колегите кои имаат најдобра можна обука и се високо мотивирани. Тие се срцето на I.T.“

„I.T. за сите“ – иницијатива

Иницијативата „I.T. за сите“ иницирана од Советот за работни односи и I.T. е воспоставена сп цел да им овозможи на сите вработени во брендот Volkswagen пристап до дигитални медиуми и работни алатки. Целта е понатамошно подобрување на подготовката, ажурирањето и управувањето со временските распореди и задачи, комуникацијата и соработката во тимот, понатамошната обука и индукција и брзата дистрибуција на внатрешни пораки за вработените во фабриките и канцелариите. Клучна тема е зголемената употреба на друштвени или приватни паметни телефони за извршување на задачите.